Ќерката на Велија Рамковски, Емел излезе од затвор. Ова вечерва го објавија членови на нејзиното семејство на социјалните мрежим јавува „Телма“.

Емел Рамковска беше осудена во предметот “Пајажина” заедно со нејзиниот татко Велија Рамковски, со братот и други членови на поширокото семејство и вработени во А1 и во други фирми на Рамковски.

Емел Рамковска беше во затвор од 2010. Осудена беше на 6 години и ја издржа целата казна без да добие никакво помилување со предвремено пуштање или намалување на казната, иако повеќе пати нејзината мајка, семејството и организациите за заштита на правата на жените бараа од институциите особено од претседателот Иванов да ја помилува по издржувањето на поголемиот дел на казната поради тоа што има три мали деца, но не доби помилување.

Велија Рамковски е осуден на 13 години.

OhridNews
извор: „Телма“