
На премиерата на филмот „Луѓе во црно 3“, која била одржана во Њујорк, Вилоу се појавила облечена во искинати хеланки и маица со ликот на Фреди Кругер.
Така младата пејачка повторно ја шокирала јавноста со својот изглед. По неколку екстравагантни комбинации и фризури, таа повторно избрала стил кој привлекол внимание.
На избричената глава носела црно-бел шешир, а на наоктите имала црн лак. За специјалната прилика облекла чевли со леопардски принт.
Друштво и правел постариот брат Џејден, а на црвениот тепих се појавила и нивната мајка Џејда.
Покрај Вил Смит, кој бил главна ѕвезда на вечерта, на премиерата присуствувале и пејачката Никол Шерцингер, музичарот Питбул, актерот Томи Ли Џонс и други славни личности.












