Eкипата на Вест Хем извлече реми на домашен терен со Стоук благодарание на Енди Керол кој погоди во 90-та минута од натпреварот во последниот меч од 34-та рунда во Премиер лигата.

Стоук испушти златна шанса да освои три бодови и комплетно да се врати во борбата за опстанок во Премиер лигата. Водство за „потерси“ донесе Питер Крауч, а бод за „чеканите“ во Лондон обезбеди Керол.

Избраниците на Пол Ламберт во последните пет натпревари од Премиер лигата ќе имаат тешка задача да ја надополнат негативата, додека Вест Хем турбелетната сезона ќе ја заврши со опстанок и со надеж за подобар пласман следната сезона. 

Возбудувањата во Премиер лигата продолжуваат утре (вторник) со одложениот меч помеѓу Брајтон и Тотенхем.

OhridNews