Екипи од јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ деновиве спроведуваат акција за чистење на речните корита и сливните подрачја на територијата на општина Охрид согласно годишната програма на Секторот за комунални дејности при општина Охрид.
Се чисти депонираниот комунален и друг вид отпад со цел да се обезбеди нормален проток на водата во речните корита и сливните подрачја и превентивно ќе се делува во заштитата од поплави и излевање, а истовремено ќе се намали загадувањето на езерото.
Расчистено е речното корито на реката Сушица на потегот од улицата „Живко Чинго“ до „Железничка“, река Грашница при вливот во Охридско Езеро, а ќе се расчистува и речното корито во Рача до вливот во езерото.













