Поранешниот доктор на Рома, Марио Брози изрази голема загриженост за здраствената состојба на холандскиот интернационалец Кевин Стротман.
Клупскиот доктор во интервју за италијанските телевизии изјави дека кариерата е загрозена на Стротман, кој имаше тешка повреда на коленото.
– Не сум сигурен што точно се случи со неговото колено, но „Cyclops sindrom“ е поголем проблем од неговите лигаменти. Во овој момент не сум во ситуација да сугерирам дали е потребна операција или не. – рече Брози.
Стротман е на радар од Манчестер Јунајтед веќе подолго време, а на Олимпико пристигна од тимот на ПСВ за 16 милиони евра.
Мх.П.