Српскиот фудбалер Матеја Кежман во 2004 година го засили лондонскиот премиерлигаш Челси по три фантастични сезони во составот на ПСВ.


Но, на Стемфрод Бриџ, Кежман не ги оправда средствата и не ги повтори игрите од дресот на холандскиот гигант, а имал и блиска средба со португалскиот стратег Жозе Мурињо.

– Бев многу нервозен бидејќи Мурињо не ме стави во игра. Се степавме во соблекувалната, после тоа заедно бевме во канцеларијата од Абрамовиќ се извинавме и потоа делувавме како ништо да не се случило. Тој ги сака играчите поради карактерот затоа и ги обожава балканците – рече Кежман.

Србинот само една сезона се задржа во редовите на „сините“ потоа продолжи во Атлетико Мадрид, Фенербахче, ПСЖ, Зенит, а се испроба и во Кина.

Мх.П.