Кошаркарската федерација на Македонија изминатиов викенд го одржа редовното годишно собрание на кое присуствуваа 25 претставници на клубовите. Челниците на Федерацијата во извештајот за работата во 2007 рекоа дека генерално се задоволни од постигнатото, резултите од настапите на репрезентациите не се на потребното ниво, но побара подршка од клубовите.
– Годинава имавме многу работа. Во организацискиот дел, комплетно беа покриени настапите на повеќе репрезентации, а би го истакнал Европското првенство за кадети во Скопје. Не сум задоволен од резултатите на нашите репрезентации во 2007, но важно е да бидеме присутни, а ќе одиме напред чекор по чекор. Ако сакаме резултати, ќе ни треба помош и од клубовите, бидејќи од нив потекнуваат репрезентативците. Треба да се запне за развој на младите категории. За добрата организација, не’ наградија со домаќинство на женското ЕП до 18 години, на кое ќе бидеме домаќини во 2008. Активирана беше интернет-страница на КФМ која досега има речиси 400.000 посетители. Потпишан е двегодишен договор со МТВ, со што кошарката се врати на малите екрани – рече претседателот на КФМ, Даниел Димевски.
Димевски како тема за размислување покрена иницијатива за воведување на професионализација на лигите. Според него, моментната ситуација во клупската кошарка е зрела за професионализација.
Не задоволија – момент од мечот Естонија – Македонија
Во 2008, за официјални настапи пријавени се голем број национални тимови. Машката сениорска ќе се бори во квалификациите за ЕП 2009, а сениорките ќе учествуваат во Б-дивизијата. Предвиден е настап на машката селекција до 20 години на ЕП од Б-дивизија, а две години помладите ќе играат на Балканијада. Девојките до 18 години во август ќе бидат домаќинки на ЕП од Б-дивизија, а ќе играат и на Балканско првенство. Нив од четврток ги очекува и настап на Балканијада во Романија.
Седум фудбалски клубови во Охрид добија нова спортска опрема Согласно Програмата за спорт за 2024 година, од буџетот на Општина Охрид беа доделени средства на Општинскиот фудбалски сојуз за набавка...
На свечената церемонија утре, 20-ти април, Јахтинг Клубот ОЛС Охрид ќе ги додели скиперските дозволи на новите капетани Од клубот велат овој настан е кулминација на многу часови упорна работа и стр...
Следниот натпревар ќе ни биде најважен и најтежок ако сакаме да бидеме шампиони Но, сакам да имам најдобар крај со охридските навивачи, затоа ве молам бодрете не уште повеќе од вообичаено!, изјави ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.