Поразот од Пелистер на Тумбе Кафе од 3-1 значеше крај на теоретските шанси кичевски Напредок да обезбеди бараж натпревар кој би му донел евентуална шанса да опстане во Првата Македоснка фудбалска лига.Кичевски Напредок се сели во Втора лига
11.05.09 16:23
Поразот од Пелистер на Тумбе Кафе од 3-1 значеше крај на теоретските шанси кичевски Напредок да обезбеди бараж натпревар кој би му донел евентуална шанса да опстане во Првата Македоснка фудбалска лига.На две кола пред крајот екипата на охриѓанецот Бочески, Напредок, има шест бода помалку од Пелистер, но битолчани се тие кои имаат подобар меѓусебен однос.
– Заслужена победа на Пелистер. Моите фудбалери потфрлија и не заслуживме ништо повеќе од овој пораз – кратко рече Бочески.
До крајот на првенството Напредок ќе игра уште со Турново во гости, додека во последното коло кое ќе преставува и свое виден проштален натпревар за кичевци, на домашен терен го пречекуваат Работнички.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com










