29-годишен жител на Охрид, вчера во 13.05 часот во СВР Охрид, пријавил дека од страна на непознати лица со патничко возило „фолксваген голф“ бил грабнат неговиот 33 брат од населба Рача – Охрид. Притоа, тој добил порака да даде пари за да биде пуштен брат му.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

OhridNews