Авион на воздухопловната компанија „Afriqiyah Airways“ кој од домашен лет на внатрешна линија на Либија беше пренасочен кон Малта, поради закана од киднапери дека ќе активираат бомба. Министерот за транспорт на Либија, Милјад Маатук изјави дека се преговара со двајца грабнувачи, од кои се очекуваат барања.
Авионот од типот „Airbus А320“ со 111 патници и седум членови на екипажот летал на линијата Себха – Триполи. На Малта слетал денеска околу пладне. Грабнувачот наводно соопштил дека е приврзаник на поранешниот либиски водач Моамер Гадафи, соборен и ликвидиран во бунтот од ткн Арапска пролет во 2011 година. Соопштил дека може да ги пушти сите патници освен екипажот, доколку се исполнат неговите барања, а според либиски медиуми неговото барање било од затвор да биде ослободен синот на Гадафи, Саиф ал-Ислам.
Истовремено, либиските медиуми повикувајќи се на официјалниот портпарол на привремената влада на национално единство на Либија објавија дека киднаперот на авионот барал „притисок“ врз либиската армија и да се обезбеди безбеден премин за излегување на милитантите од северниот град Бенггази. Во меѓувреме телевизијата Sky News Арабиа јави дека патниците веќе започнале да излегуваат од авионот, а во леталото останале само членовите на екипажот. Меѓутоа, малтешката полиција не ја потврдува оваа информација. Во моментов владата на Малта одржува итна седница.
Во моментов на аеродромот на Малта се распоредени воени единици. На кадрите емитувани на локалните телевизии се гледа дека авионот е паркиран на делот за полетување, а околу него нема никакво движење, а сите врати од леталото се затворени.