Главниот град на Украина, Киев ја истакна кандидатура за домаќин на финалето на фудбалската Лига на шампиони во 2018 година, а доколку УЕФА не им го додели домаќинството, кандидатура ќе биде поднесена за следната година.
Украинскиот фудбалски сојуз ја прифати иницијативата на челникот на Динамо Киев, на чиј Олимписки стадион би се играло финалето на најпрестижното европско фудбалско натпреварување.
Олимпискиот стадион има капацитет од 70.000 гледачи и целосно е реновиран за потребите на Европското првенство во 2012 година и на него се играше финалето.
„Свесни сме за актуелната ситуација во Украина, но и дадовме гаранции на УЕФА дека можеме да го организираме финалето на врвно ниво“, изјави претседателот на Сојузот, Андриј Павленко.
„Макфакс“