Борба на гладијатори , е наречен кик-бокс спектаклот што на 7 јули (сабота) ќе се одржи на Античкиот театар.Организатор на спектаклот е Македонската кик-бокс федерација.Главен настан ќе биде ултимејт фајт борбата помеѓу нашиот Зоран Милевски и Бугаринот Јавор Маринчев.

Според председателот на Македонската кик-бокс федерација Љупчо Неделкоски , правото за организација на еден ваков натпревар од Европската и Светската федерација , е  еден вид признание за ланската успешната организација на Европското првенство во кик-бокс.

Главната борба ќе започне во 20 часот а претходно ќе бидат одржани повеќе ревијални борби и демонстрации на боречки вештини.

Македонскиот репрезентативец Милевски како боксер во кариерата во 76 мечеви има 57 победи 5 нерешени борби и 14 порази.Во кик-боксот Милевски на 38 меча забележал 28 победи,во ултимејт фајт во кратката кариера има четири борби на кои забележал исто толку победи.

Од друга страна Бугаринот Маринчев е многу поискусен,во кариерата има 200 борби како боксер,во моментов е четврто рангиран на Балканската ранг листа.

Утрешната борба за Милевски ќе биде круна на три и пол месечните напорни подготовки.Тој очекува пред публиката да се претстави во вистинско светло , а како што вели победата нека ја однесе подобриот.

На спектаклот “Борба на гладијатори“ во Охрид ќе  биде промовиран и новиот професионален ринг чија цена изнесува 15 илјади евра , а е дониран од Агенцијата за млади и спорт.

       Ненад Цветанов