Викендов во организација на клубот за боречки вештини “Бушидо“ од Струга семинар одржа поранешниот К1 шампион Штефан Леко. На предавањата на кои учество зедоа триестеина кик-боксери од Македонија, Леко им пренесе дел од искуствата кои ги стекна во својата исклучително богата кариера.

Ова е за прв пат во Македонија да дојде ѕвезда од овај калибар.  Јас сум почестен што тој беше наш гостин овде во Струга. Тој не изненади со неговата енергија и сила, и ове беше нешто што го немаме доживеано. Во овие шест тренинга научивме многу скриени тајни на големите мајстори – рече Сотир Нестороски од “Бушидо“ .


Покрај тајните Леко на кик-боксерите им покажа како да се одржува рамнотежа, колку е важна координацијата, борбата на дистанца, лажни удари, како и начини како најдобро да се подготви натпреварувачот физички но и психички за борбите кои го очекуваат.


Беше преинтересно, ова се врвни тренизни, и можам да речам дека Леко не не`форсираше 100 % , бидејки и не верувам дека би го издржале тоа. Ваквите тренизи се пракса во светот и ние доколку сакаме да ги следиме тие трендови повеќе од потребни ни се ваквите семинари.  Една спаринг рунда со Штефан е исто како две аматерски борби, тоа е сила,  техника, едноство немам зборови – рече Слободан Кајмакоски

Леко кој полека го напушта активниот дел од К1 спортот, смета дека единствено со континуриано вложување и инвестирање во семинари и предавачи може да се успее во овај атрактивен спорт.


 – Супер беше овде во Струга, штета што е зима па не можев да уживам во времето, но ми се доапдна, луѓето одлично ме прифатија. Патот до успехот е тежок, Македонија не е во центарот на вниманието на овај спорт, но со организција на вакви семинари и помош од меѓународните инструктори може многу да се научи – потенцираше Штефан Леко кој најави повторно доаѓање во Македонија за време на летниот период.

Стружани посакуваат во летниот период да организираат камп на кој покрај Штефан Леко би зеле учество и други тренери и натпреварувачи од “Golden Glory” групацијата.

Во зависност од финасиите и можностите тој камп би бил и интернационален на кој учество покрај македонските би зеле и кик-боксери од нашето опркужување.

М.Постоловски