Европскиот шампион, Реал Мадрид предводен од Кристијано Роналдо го совладаа Атлетико Мадрид со 3-0 во градската пресметка во 12-та рунда од шпанското првенство.
Португалецот три пати ја погоди мрежата на „јорганџиите“. Прво ја начна од слободен удар во првиот дел, а хет трикот го комплетираше во второто полувреме.
Во прилог на „кралевите“ беше и ремито без голови на Барселона со Малага на Ноу Камп.
Резултати: Бетис – Лас Палмас 2-0, Депортиво Ла Коруња – Севиља 2-3, Барселона – Малага 0-0, Еибар – Селта Виго 1-0, Атлетико Мадрид – Реал Мадрид 0-3.
Табела: Реал Мадрид 30, Барселона 26, Севиља 24, Виљареал 22, Атлетико Мадрид 21..
OhridNews