Без победник (1-1) заврши пресметката меѓу Реал Сосиедад и Барселона на „Аноета“ стадионот во 13-та рунда од Примера дивизион.
Каталонците, со оглед на шансите и негативата и поништениот регуларен погодок на домаќините треба да бидат задоволни од ремито пред големото дерби со Реал Мадрид следната недела.
Вистинските возбудувања на мечот се случија во шест минути. Во 53-та минута со голот на Вилијан Хозе домаќините поведоа со 1-0. Шест минути подоцна Лионел Меси го изедначи резултатот.
Барселона, можеше да остане и без бодови на гостувањето кај Реал Сосиедад, но вториот асистент ја скрати радоста поништувајќи чист погодок за домаќините.
Резултати: Виљареал – Алавас 0-2, Осасуна – Атлетико Мадрид 0-3, Селта Виго – Гранада 3-1, Реал Сосиедад – Барселона 1-1.
Табела: Реал Мадрид 33, Барселона 27, Севиља 27, Атлетико Мадрид 24, Реал Сосиедад 24…
OhridNews