Екипите на Арсенал и Манчестер Сити се одлепија на табелата по одигрувањето на дел од мечевите од 11-та рунда во Премиерлигата.


„Топчиите“ со убедливи 3-0 го совладаа Свонси, а „граѓаните“ пред своите гледачи со минимални 2-1 беа подобри од Норвич.


„Ѓаволите“ ремизираа без голови со Кристал Палас и заостанаа цели четири бодови зад Сити и Арсенал кои се првопласирани на табелата.

Резултати : Челси – Ливерпул 1-3, Мен Ју – Кристал Палас 0-0, Мен Сити – Норвич 2-1, Њукасл – Стоук 0-0, Свонси – Арсенал 0-3, Ватфорд – Вест Хем 2-0, ВБА – Лестер 2-3.

Табела : Мен Сити 25, Арсенал 25, Лестер 22, Мен Ју 21, Вест Хем 20, Тотенхем 17 (-1), Ливерпул 17…

Деби победата на Клоп ја продолжи агонијата на Мурињо (видео)

Мх.П.