Ремито на Јувентус против Кротоне (1-1) на гостински терен и победата на Наполи (4-2) над Удинезе на домашен терен ја вратија неизвеноста во трката за титулата во италијанската Серија А. Разликата помеѓу двата ривали на пет рунди до крајот изнесува четири бодови.

Јувентус поведе на мечот со Кротоне, а во истиот момент Наполи губеше од Удинезе. За 15-та минута се сменија работите. Кротоне постигна изедначувачки погодок, а „азурите“ со комплетен пресврт стигнаа до бодовите.

Неизвесна до самиот крај ќе биде и борбата за третата и четвртата позиција во која се Рома, Лацио и Интер. Во 33.коло победија сите три екипи, а секое губење бодови може многу да чина било која екипа.

Резултати: Бевенто – Аталанта 0-3, Кротоне – Јувентус 1-1, Верона – Сасуоло 0-1, Рома – Џенова 2-1, Спал – Киево 0-0, Наполи – Удинезе 4-2, Сампдорија – Болоња 1-0, Торино – Милан 1-1, Фиорентина – Лацио 3-4.

Табела: Јувентус 85, Наполи 81, Рома 64, Лацио 64, Интер 63, Милан 56…

OhridNews