Фудбалерите на Охрид 04 одиграа само 0:0 со Дрита пред своите гледачи и пропуштија можност  конкурентите за пласман во Првата лига да ги задржат на пристојна бодовна оддалеченост.

Охриѓани имаа повеќе од играта во текот на целиот меч, но не успеаа да го пронајдат патот до мрежата на голманот Зибери. Во финишот   Охрид остана со играч помалку, откако поради два жолти картони играта мораше да ја напушти офанзивниот Ѓорески.

На 4 кола пред крајот на второлигашкиот шампионат Охрид останува на второто место на табелата со 5 бода предност пред конкурентите.


Кикс на Охрид 04 пред своите гледачи

OhridNews