Тотенхем го загуби здивот во трката за титулата со Лестер откако ремизираше пред своите гледачи (1-1) со Вест Бромвич Албион.


Дефанзивецот на ВБА, Крег Доусон со автогол го донесе Тотенхем во водство, но истиот фудбалер подоцна погоди за 1-1 и го постави конечниот резултат.


Во преостанатите три рунди од Премиер лигата на „лисиците“ им е потребна една победа за и математички да ја осигураат првата титула во историјата.

Прва „меч топка“ фудбалерите на Лестер ќе имаат Олд Трафорд против најтрофејнниот клуб во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед.

OhridNews