Победникот од двомечот помеѓу германскиот Кил и унгарскиот вицепрвак Пик Сегед ќе биде противник на „црвено црните“ во 1/4 финалето и последна пречка за пласман на завршниот турнир во Лигата на Шампиони.

Очекувано, бранителот на трофејот во ЛШ првиот меч ќе го игра на гостински терен, додека реваншот во Скопје во спортската сала Јане Сандански. Покрај Вардар, директен пласман во ТОП 8 обезбеди Пари Сент Жермен кој заврши на првата позиција во А групата.

Во осминафиналето најдобро помина унгарскиот клуб Веспрем во кој настапува Дејан Манасков добивајќи Скјерн за противник. Кирил Лазаров кој ги брани боите на Нант силите ќе ги одмери со Брест Мешков, Борко Ристовски и неговата Барселона ќе се судрат со Монпеље, а најтежок противник добија Филип Талески и Рајн Некар во името на Киелце.

Двојки 1/8 финале: Барселона – Монпеље, Нант – Брест Мешков, Веспрем – Скјерн, Флензбург – Кристијанштад, Рајн Некар Левен – Киелце, Кил – Пик Сегед.

OhridNews