Една од клучните алки во тимот на Пари Сент Жермен, Килијан Мбаше имаше голема среќа во текот на мечот со Амиенс во францускиот Лига куп, откако избегна посериозна повреда после хорор стартот на голманот Регис Гуртнер.

Главниот судија на натпреварот не се двоумеше ниту момент и веднаш го исклучи домашниот голман кој не` размислувајќи за последиците остро стартуваше над Мбапе.

Ваквите ситуации во фудбалот во поново време се реткост, голманот на Амиенс заслужува драстична казна, а не пауза од три или четири натпревари.

OhridNews