Риалити ѕвездата и раперот Кање Вест на своето бебе му дале име Норт Вест, или во превод Север Запад. ИАко медиумите пред неколку месеци јавиле дека бебето ќе го добие токму ова име, парот тоа остро го демантирал, а во таа прилика рекле дека тоа е апсурдно. Сепак, само една седмица по породувањето Ким за списанието “People” ткрила дека бебето сепак ќе се вика Норт Вест.

Пред неколку дена се шушкало дека бебето ќе се вика Каиденс Донда, како што тврдела една медицинска сестра, но сепак се воспоставило дека парот се држел до оригиналното име. ким сакала името на бебето да почнува со буквата К, и поради тоа планирала да и го даде на ќеркичката името Каиндес, додека Донда го избрала според покојната мајка на Кање која починала во 2007 година по компликации од пластична операција.