Колку е вљубена во раперот Кање Вест, Ким Кардашиан покажала со тоа што ги одложила сите работни обврски како би го следела момчето на летната турнеја на која ќе биде со Џеј Зи. Само еден месец откако прв пат се појавиле заедно во јавност, Ким Кардашиан и Кање Вест веќе се вериле, а наводно разговарале и за брак, рекол пријател близок на парот.
Иако бракоразводната парница со Крис Хемфрис сеуште не е завршена, старлетата веќе е спремна повторно да се омажи.