Бракот им траел само 72 дена, а битката околу разводот полни 536, но Ким го добила она што го сакала, да се разведе пред да се роди детето. Имено, судот во Лос Анџелес го одобрил договорот за развод помеѓу Ким Кардашиан и кошаркарот Крис Хемфрис. Деталите околу договорот не се познати, но судијата изјавил дека стекнал впечаток како решението е постигнато. Разводот ќе биде конечен кога двете страни ќе го потпишат бракоразводниот документ.
Според американските медиуми, бракоразводната постапка се оддолжила бидејќи Крис се обидувал да го поништи бракот и да го означи како измама, тврдејќи дека Ким се омажила за него замо за да ја зголеми својата слава. Изгледа, во меѓувреме, сватил дека од тоа нема ништо, и дека само ќе изгуби повеќе пари, па прифатил договор. Од сега веќе поранешните сопружници, на суд се појавила само Ким, која дошла со својот адвокат.