Останаа уште само неколку седмици до пораѓањето на Ким Кардашиан. Старлетата се надевала дека Кање Вест ќе биде покрај неа во еден од најважните денови во нивниот живот, а тој и рекол дека сето тоа ќе мора да го мине сама.

Американските медиумите пренеле дека раперот нема да биде со Ким додека таа се породува, бидејќи бил многу педантен и не сакал да биде во близина на крв. Ким поради тоа многу се налутила, но и се растажила. Сметала дека раѓањето на нивното девојче е многу поважно од себичните причини на Кање да не оди во болница и да ја држи за рака, како би ја видел ќерката веднаш по раѓањето.