Најпознатата светска старлета Ким Кардашиан изјавила дека без своето момче, раперот Кање Вест, би била многу несреќна. Рекла дека е ситничава и пребарува. Стално приговарала, а на Вест тоа не му сметало. Тој ја разбирал и секогаш внимателно ја слушал.
Таа би сакала да се омажи за него. Мисли дека Кање има се, неверојатно бил богат, талентиран и добро изгледал. Тоа би бил трет брак на старлетата. Прв пат се омажила на 19 години. Бракот со музичкиот продуцент Дејмон Томас траел три години, додека со кошаркарот Крис Хемфрис во брак минала само 72 дена.