Челнците на регионалната ракометна СЕХА лига ја изненадија јавноста со одлуката да му дадат зелено светло на кинескиот клуб Пекинг Спорт Универзитет за учество од следната сезона. Лигата ќе биде проширена на 12 екипи, а една од нив ќе биде кинескиот клуб.

  • Деветтата сезона на СЕХА лигата ќе донесе многу новини во нашата лига, а една од нив ќе биде кинескиот тим Пекинг Спорт Универзитет, кој ќе учествува во претстојната сезона. Влезот на кинескиот тим ќе ја одбележи новата ракометна ера во регионот и во СЕХА лигата. Нашата цел е да го развиеме регионалниот ракомет и да донесеме нешто ново, револуционерно во регионот. На овој начин ги прошируваме нашите хоризонти и пазари во југоисточна Европа, но и надвор од европските граници. –  рече претседателот на СЕХА лигата, Михајло Михајловски

Македонскиот ракомет и следната сезона ќе има два свои преставници. Редовен учесник во СЕХА е Вардар кој е и актуелен шампион и уште еден кој ќе се дознае после завршувањето на плејофот во Супер лигата.

OhridNews