Какви се луди идеи можат да им паднат на памет на родителите додека бираат име за своето дете, покажува и последниот пример на кинески пар кој на своето дете сака да му го даде името @.

Како што пренесува Ројтерс името посебно е необично за Кина затоа што кинескиот јазик не користи азбука, туку десетина илјади различни знаци кои претставуваат зборови.

„Целиот свет го користи тој знак при пишување на и-мејл, а преведено на кинески тоа значи „го сакам“, ја објаснува таткото желбата за ова необично име. Всушност, знакот „@“ кој се чита како „ет“, а кинезите го читаат како „ат“, најмногу потсетува на мандаринскиот израз „аи та“ кој значи „го сакам“

Се уште не е познато дали на родителите им е одобрено барањето за давање на името„@“, но во пчетокот на годинава кинеската влда објавила забрана за давање на имиња кои содржат арапски броеви, стрнски зборови и симболи кои не припаѓаат на модерниот кинески јазик.

Според известувањето на кинеската влада, моментално 60 милиони Кинези се соочуваат со проблеми бидејќи нивните имиња содржат древни кинески знаци па компјутерите не ги препознаваат, а „дури и најдобрите говорници се мачат обидувајќи се да ги изговорат нивните имиња“.

Јасминка Т. Момироска