Градоначалникот Александар Петрески денес во протоколарна посета го прими Амбасадорот на Народна Република Кина во нашата земја, Н.Е. Донг Чунфенг. Разговорите на домаќинот и високиот гостин, беа во функција на претстојната посета ( средина на април) на делегација од кинескиот град Далиан на нашиот град, со кого веќе неколку години се одржуваат интензивни контакти за соработка на повеќе полиња.


Престојот во Охрид, Амбасадорот Чунфенг, го искористи и за разгледување на културно – историското наследство и природното богатство на градот и околината.

Ohridnews