Италијанскиот репрезентативец Грацијано Пеле најверојатно ќе биде најновиот фудбалер кој кариерата ќе ја продолжи во Кина.
Интерес за голгетерот на Саутемптон покажува тимот на Шендонг Луненг кој испратил официјално понуда до англискиот премиерлигаш.
По солидните настапи во дресот на „азурите“ на ЕП во Франција и континуираните перформанси во Премеир лигата, Пеле беше мета на Челси кој од клупата ќе го води Антонио Конте.
Шендонг за услугите на напаѓачот ќе плати 13 милиони фунти, а „светците“ од трансферот ќе заработата 4 бидејќи за 9 го купија од холандскиот клуб Феенерод.
Кинеските екипи во зимскиот преоден рок го имаа главниот збор на трансфер пазарот трошејќи над 200 милиони евра за фудбалери од Европа.
OhridNews