Капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни до крајот ќе го одработи договорот со „црвените ѓаволи“ откако ги одби богатите понуди од кинеските екипи.
Две екипи од Кина сериозно покажале интерес за напаѓачот на Манчестер Јунајтед и понудиле 27 милиони фунти за негов ангажман.
Руни кој има договор до 2018 година одбил било каков трансфер од Манчестер Јунајтед и преселување во друг клуб.
Како тинејџер Руни во 2004 година за тогаш рекордни 30 милиони евра се пресели од Евертон во Манчестер Јунајтед.
Неговиот трансфер е окарактеризиран како еден од најдобрите на легендарниот менаџер Сер Алекс Фергусон.
OhridNews











