Кинескиот бизнисмен со докторска титула Тони Сија прифатил да купи поголем од акциите од тимот на Астон Вила кој сезонава се збогува од англиската Премиер лига.
Како што јавува „BBC“, Кинезот испратил понуда од 77 милиони евра до сегашниот сопственик Американецот Ренди Лернер кој во 2006 година ја откупи за 85 милиони евра.
Но, ситуацијата во Астон Вила не е ниту од далеку сјајна по испаѓањето од Премиер лигата. Кинескиот бизнисмен ќе треба да прави нова екипа за што се потребни поголеми финансии од купувањето.
Веќе се вртат и неколку имиња на менаџери кои би ја предводеле екипата во Чемпионшип дивизиијата. Прв на листата е Најџер Персон кој беше последен менаџер на Лестер пред Клаудио Раниери и Роберто ди Матео.
OhridNews