Кинеска компанија развива концепт на супесоничен патнички авион кој ќе достигнува брзина неколку пати поголема од брзината на звукот. Според најавите ова технолошко чудо од истокот ќе лета од Пекинг до Њујорк за само два часа со брзина од 6000 километри на час. За споредба, сега овој лет трае 13 часа.

Како што пренесуваат светските агенции, кинезите веќе тестирале помала верзија од летаото во контролирани услови при што авионот достигнал брзина од неверојатни 8600 километри на час. Најбрзиот суперсоничен патнички авион „Конкорд“ достигнуваше брзина од 2179 километри на час.

Новиот авион веќе го нарекуваат “I Plane”. Тој има два реда крила за полесно да ја совлада турболенцијата и во него се вградени многу технолошки иновации. Доколку успешно ги мине сите тестови, “I Plane” наскоро ќе започен со комерцијални летови кои ќе го променат светот. 

OhridNews