Во четирите од петте најсилни лиги во Европа зимскиот предоден рок заврши, а само екипите од Бундес лигата можат да купуваат фудбалери.


Великаните како никогаш до сега тивко го пребродија трансфер периодот во кој не се трошат колку во летниот, но сепак екипите се склони на трошење.

Овој зимски преоден рок го одбележаа екипите од Истокот односо Кина кои имаат три во петте најскапи трансфери.


Тимот на Сунинг го има најскапиот трансфер откако за услугите на Рамирес на Челси му исплати 28 милиони евра, трет на оваа листа е Ериксен од Бразил кој за 18,5 милиони евра премина во тимот на СИПГ.

На 4-та позиција се наоѓа репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Жервињо за кој Рома имаше 18 милиони причини да го пушти во екипата на Кина Фортун.


Честа во Европа ја одбрани англискиот премеирлигаш Стоук кој за високи 24,25 милиони во своите редови го доведе Џианели Имбулу од Порто.

Инаку, клуб кој потроши најмногу пари во зимскиот преоден рок е Њукалс со вкупни 40 милиони евра. „Страчките“ на Сент Џејмс Парк ги доведоа Џонџо Шелви, Сејду Думбија и Андрос Тоусенд.

OhridNews