Тимот на Ливерпул по завршувањето на сезоната ќе се ослободи од Марио Балотели откако неколку кинески екипи сериозно се заинтересираа за неговите услуги.


Контроверзниот италијански фудбалер не оправда ниту една фунта од 15-те милиони кој клубот од Енфилд ги вложи при купувањето од калчолигашот Милан.

„Црвените“ по само една сезона се откажаа од неговите обврски и го отстапија на позајмица во Милан, а најверојатно по завршување на оваа сезона целосно ќе се откачат.

Со продажбата на Балотели пет кратниот шампион сака да оствари соработка со некоја кинеска компанија што ќе помогне околу реновирањето на Енфил кое најмалку ќе чини 100 милиони евра.

Преселбата на италијанскиот репрезентативец во Кина ќе биде најдобра и за него бидејќи неодамна и тренерот на Милан, Синиша Михајловиќ му порача дека за него нема место во Милан.

OhridNews