Една кинеска компанија соопштила дека прави кран кој ќе може да подигне 6400 тона, најголем на светот. Фабриката за тешки машини ви Таијуан соопштила дека кранот, тежок повеќе од 3000 тона, може да подигне тежина од 6400 тона на висина од 120 метри. Досега најголемата дигалка на светот можела да подигне 1200 тона.
Новиот кран може да се раздели на два дела кои работат засебно, и можат да подигнат по 3200 тона, соопштила компанијата. Фабриката во Таијуан, во северната кинеска провинција Шанси, основана е во 1950 година и била прв производител на тешки машини во Народна Република Кина. Таа своите производи ги извезува во Северна и Јужна Америка, Австралија, Африка, Русија, Западна Европа и земјите на Азија.