Првиот кинески авион изработен во домашни погони АРЈ-21 би требало да биде готов до крајот на годинава, а првиот лет ќе го направи во март следната година.

Кинескиот весник на англиски јазик „Чајна Дејли“ пишува дека крилата за авионот се испорачани во главната монтажна база на Кинеската авиоиндустрија во Сјиан, во централниот дел на земјата и истакнува дека со таа испорака произведувачот направил значаен пробив на патот кон конечна изработка на леталото.

Новиот АРЈ е прв чекор во настојувањето на Кина да проектира и произведе сопствен голем авион, што е еден од 16 големи проекти во рамките на владиниот план за развој, утврден во 2006 година