Турскиот репрезентативец Арда Туран и напаѓачот на Челси, Диего Коста се новите мети на богатите кинески екипи за летниот преоден рок во светскиот фудбал.
Очигледно, екипите од Кина одново како и во изминатиот зимскиот трансфер период ќе го имаат главниот збор.
На адреса од Барселона за услугите на Турчинот стигнала понуда која не се одбива. Главен проблем е тренерот на екипата, Луис Енрике кој не сака да помисли на заминување на Арда Туран.
По извесен е трансферот на Диего Коста кој е подготвен да го напушти Челси и одбие Атлетико Мадрид за преселување во Кина. На шпанскиот репрезентативец официјално понуден му е договор со 400 000 евра неделна плата.
Дека кинеските екипи не се шегуваат покажаа во зимскиот преоден рок кога потрошија над 200 милиони евра за фудбалери од Европа.
Рамирес од Челси, Џексон Мартинез од Атлетико Мадрид, Алекс Тешеира од Шахјтор Доњецк се едни од многуте фудбалери кои настапуваат во кинеската Супер лига.
OhridNews