По интересот за филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“, Културолошката иницијатива 5 до 12 организира уште една проекција во рамки на филмската иницијатива „Кино Четврток“.

Филмот ја раскажува приказната за Адела, девојка која преку својата страст кон скејтбордингот се бори против сиромаштијата, конзервативната средина и традиционалните општествени очекувања. Кога нејзиното семејство се соочува со тешка ситуација, таа се обидува да ја спаси својата постара сестра од договорен брак и судбина што изгледа неизбежна, велат од Културолошката иницијатива 5 до 12.
Со времетраење од 83 минути, посочуваат, филмот отвора прашања за слободата на избор, родовите стереотипи, традицијата и правото на секоја девојка сама да ја избере својата иднина.
„Кино Четврток“ е иницијатива на Културолошката иницијатива 5 до 12, чија цел е враќање на кино-културата во Охрид преку редовни филмски проекции и разновидна филмска програма. Втората сезона започна во октомври и продолжува до 3 декември 2026 година, со проекции секој четврток во ФИОФА.
OhridNews











