Кино проекцијата на македонскиот филм „Лена и Владимир” закажана за денес се одложува, информираат од НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид.
Поради технички проблем се одложува денешната проекција на филмот „Лена и Владимир”. Терминот за кино проекција дополнително ќе биде објавен. Картите ќе важат или истите може да се заменат на билетара, велат од Центарот.
Инаку, станува збор за филм во кој судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.
Во филмот играат Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски, а истиот е во режија на Игор Алексов.
OhridNews