Кино со голем број играчки, посебен простор за преслекување бебиња и репертоар кој самите го избирате постои навистина, и тоа во Сао Паоло. Тоа веќе станало омилено место на кое се состануваат мајките кои живеат во овој бразилски град, а повремено им се придружува и по некој татко.


Просторот е наменет и за деца на возраст до 18 месеци. Климата е намалена на минимум, светлата се пригушени, а мајките сами, преку интернет анкети, бираат кои филмови ќе ги гледаат. Не доаѓаат во предвид хорор филмови и филмови со сцени со насилство.