Скопјанецот Владимир Кипријановски е делегиран за главен судија на мечот од 22 рунда во втората лига кој се игра на Срц “Атина Бојаџи“ во Охрид, меѓу истоимениот лигаш и Дрита.

На Кипријановски кој годинава нема водено натпревар на кој играле “рибарите“ ќе му помагаат Стојановски Тони и Џенан Хајдари.

Натпревар се игра в недела во 16.30 минути.

Ohridnews