Актерката Кира Најтли делува дека конечно добро се чувствува во својата кожа, како во приватниот така и во професионалниот живот. На праг е да се омажи за музичарот Џејмс Рајтон, и е ѕвезда на филмската адаптација на „Ана Каренина“ во кој игра заедно со Џад Лоу.

Дека се чувствува прекрасно, актерката потврдила и во интервју за списанието „Вог“ во кое открива дека не и е секогаш се онака како што сака. Рекла дека се сеќава кога пред неколку години снимањата биле многу интензивни. Додека работела на филмот „Пиратите од КАрибите“ буквално немала време за живот надвор од снимањата. Убавата актерка во последно многу време минува во читање, готвење и убавиот живот во Франција.