Холивудскиот продуцент Стивен Еванс планира да ја екранизира животната приказна на трагично починатата принцеза Дајана во филм кој ќе биде базиран на мемоарите на еден од телохранителите на принцезата. Продуцентот рекол дека принцезата имала инзворедни квалитети и неверојатна харизма. Таа исто така била многу духовита и остра, а според него нејзиниот живот без сомнение заслужувал да биде овековечен во филм.
Стивен се надевал дека филмот за принцезата Дајана ќе биде подеднакво успешен како и филмот “The Iron Lady”, во кој Мерил Стрип ја играла главната улога на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер. Сеуште не било познато кој ќе глуми во филмот со наслов „Дајана“, но најмногу се шпекулира со имињата на Кира Најтли и Скарлет Јохансон.