– Во овој случај се оштетени и кираџиите и државата. Но поради фактот што граѓаните се плашат да не бидат санкционирани од страна на државните институции и можноста да останат на улица, немаат храброст да ги пријават лицата кои издаваат станови под кирија за ваквата неправилност, велат од здружението.
Оттаму информираат дека за проблемот воспоставиле контакт со Управата за јавни приходи, од каде им било кажано дека сите граѓани кои имаат вакви проблеми може да ги пријават анонимно на бесплатните телефонски броеви 198 и 0800 33 000. При тоа, тие нема да бидат казнети, бидејќи немале направено никаков прекршок.
– Затоа апелираме до сите оние кои имаат вакви проблеми слободно да ги пријават ваквите несовесни газди кои издаваат станови под кирија за да истите бидат соодветно санкционирани, а тие да си ги добијат своите законски права кои им следуваат додека живеат под кирија, велат од „Хуманитарен хоризонт“.
„Хуманитарен хоризонт“ работи на унапредување на условите за живот и заштита на правата на граѓаните. Пред се, целта на здружението е да им се помогне на граѓаните во подобрување на условите за живот, да им се помогне во заштита на нивните права како и да се поттикнат и мобилизираат да ги користат своите права со цел да се зајакне демократската култура, а воедно и да се зголеми демократскиот капацитет на граѓанските организации, институции и политички актери, преку создавање на одржливи партнерства.