Турнирот во Индијан Велс ќе добие нов шампион, откако бранителот на трофејот Новак Ѓоковиќ доживеа елиминација во 1/8 финалето од Ник Киргијос, додека класиката меѓу Рожер Федерер и Рафаел Надал му припадна на Швајцарецот.


Австралискиот тенисер победата вредна пласман во 1/4 финалето над Ѓоковиќ ја забележа во два сетови (6-4, 7-6) за нецели два часови игра. Киргијос на стартот од првиот сет направи брејк и го искористи до самиот крај. Во вториот сет се играше тај брејк, а Австралиецот покажа поголема смиреност за разлика од Ѓоковиќ кој последниве три години го освојуваше турнирот во Индијан Велс.


Најтрофејниот тенисер Федерер лесно во два сетови (6-2, 6-3) за еден час и десет минути игра го преслуша инфериорниот Надал. Швајцарецот продолжува со одличните игри после освојувањето на грен слем турнирот во Австралија на почетокот од новата сезона.


Во 1/4 финалните пресметки силите ќе ги одмерат Карено Буста – Куевас, Вавринка – Тим, Федерер – Киргијос и Шок – Нишикори. 

OhridNews