Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во полуфиналето на АТП турнирот во Акапулко. Вториот светски рекет загуби од Австралиецот Ник Киргијос во сетови (7-6, 7-5).


Проблематичниот Киргијос запиша уште една голема победа во кариерата, во минатото тој успеа да победи против Рафа Надал и Роџер Федерер, а сега славеше и над Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер, според многумина човекот кој го има најдобриот ритерн на сите времиња, немаше шанси против перфектниот сервис на Киријос. Австралиецот имаше 25 ас сервиси, а во целиот меч на противникот му дозволи само една шанса за брејк, која Ѓоковиќ не ја искористи.


Од друга страна Киријос успеа во 12-от гем од вториот сет да му го одземе сервисот на Ѓоковиќ и да го добие мечот.

Во полуфиналето пласман уште обезбедија Рафаел Надал кој славеше со 2-0 во сетови над Нишиока (7-6, 6-3) и Кереј кој го совлада Тим во два сетови (6-1, 7-5).

OhridNews