Поемата „Кирил 1830- Кирил 2001“ под шифра „Кирил“ годинава ја доби наградата за најдобра поема за 2015 година на Наградниот конкурс „Григор Прличев“ кој традиционално го организира Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

На конкурсот биле пристигнати 12 поеми, а членовите на жирито едногласно констатирале дека споменатиот ракопис го задоволува определеното стабилно ниво на поетска посветеност и ерудираност во откривање на можностите на јазикот и на поетиката на жанрот.

-Поемата под наслов „Кирил 1830- Кирил 2001“ ја задоволува жанровската конфигурација на лирско епско пеење кое покажува тенденција за тематско фабулирање на два настана од нашата историја: Одлуката на македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ за обнова на Лешочкиот манастир во 19-ти век и должност на Владиката Кирил околу реконструкцијата на разурнатиот манастир во 2001 година, пишува во образложението на одлуката од жири комисијата.

Жири комисијата  за доделување на наградата ја сочинувале Бранко Цветскоски, проф. д-р Илија Велев и проф. д-р Ангелина Бановиќ Маркоска.

OhridNews