Капитенот на македонската репрезентација и ракометар на Барселона, Кире Лазаров е дел од идеалниот тим на годината во изборот на специјализираниот ракометен поратал handball-planet.


Во конкуренција на Ласло Наѓ, Жарко Марковиќ и Алекс Душебаев, Лазаров доби најмногу гласови на позицијата десен бек.

Во изборот на тимот на годината покрај Лазаров се најдоа уште тројца играчи на актуелниот европски шампион Барселона, ПСЖ е застапен со двајца играчи, а по еден имаат Кјелце и Рајн Некар.

Според handball-planet најдобар играч за 2015 година е Никола Карабатиќ, кој стана првиот ракометар кој ја одбранил титулата.

Идеалниот тим според handball-planet : голман : Даниел Шариќ (Барселона), лево крило: Уве Генсхајмер (Рајн Некар), лев бек: Микел Хансен (ПСЖ), среден бек: Никола Крабатиќ (ПСЖ), десен бек: Кире Лазаров (Барселона), десно крило: Виктор Томас (Барселона), пикер: Хулен Агинагалде (Кјелце), најдобар дефанзивец: Виран Мороз (Барселона).

Ohridnews