Фондот за здравствено осигурување на Македонија ќе ги покрие во целост трошоците за постоперативното лекување на малиот Кирил Митрески кој неодамна беше опериран од тумор на главата во болницата Аџи Бадем во Истанбул.
„Одобривме уште 120.000 евра за лекување на Кирил во наредните 12 месеци со хемотерапија преку катетер, метода која што не се применува во Македонија. Искрено се надевам и посакувам што поскоро закрепнување на Кирил, изјави за OhridNews, директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски.
Кирил во болницата во Истанбул беше опериран на почетокот од март, а по земениот материјал за биопсија тој беше испратен на домашно лекување. По неповолните резултати добиени од биопсијата тој повторно беше хоспитализиран и ја продожи битката со тешката болест.
Трошоците за операцијата во целост ги покри Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Средства донираа и голем број хумани граѓани.
OhridNews